МАКЕДОНИЈА

Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска и СОЗР

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа, денеска беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во дел од центарот на Скопје. Без струја останаа повеќе значајни државни институции, меѓу кои Македонската радио телевизија (МРТ), судовите, како и околните згради.

Според информациите објавени на веб-страницата на Електродистрибуција, прекинот опфати и објекти во кои се сместени Министерството за европски прашања, Државната комисија за спречување на корупцијата (Антикорупциска), како и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Меѓу засегнатите е и зградата во која работи новинската агенција МИА.

Од МИА информираат дека засега нема официјални податоци за причините за дефектот, ниту за тоа кога се очекува нормализација на снабдувањето со електрична енергија.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени