TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

„Бехтел и Енка“ ги отпуштаат македонските работници од Коридорот 8, странските остануваат на работа

08 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Педесетина работници од тетовско-гостиварскиот регион кои беа ангажирани на изградбата на автопатот од Коридорот 8 денеска одржаа јавен собир пред базата на компанијата „Бехтел и Енка“. Тие го изразија својот револт откако, како што велат, без претходна најава биле отпуштени од работа и покрај тоа што имале активни договори.

Според нивните тврдења, утрото кога дошле на работа им бил предочен список со имиња и им било соопштено дека истиот ден им престанува работниот ангажман.

„Сабајлево дојдовме на работа и ни дадоа список. Ни кажаа дека до денеска сме на работа и дека договорот повеќе не ни важи. Има колеги кои до четврти, петти, шести, седми месец имаа договор, но ни рекоа дека тоа е тоа. Ни рекоа дека државата не дава средства и финансии и поради тоа немале средства да нè држат и да ни даваат плата и затоа нè отпуштаат“, изјави Стојанче Ристовски, кој работел како возач на товарно возило.

Отпуштените работници тврдат дека прекинот на работниот ангажман се спроведува селективно и дека одлуката се однесува само на работниците од Македонија. Според нив, странските работници ангажирани на проектот – од Индија, Турција и други земји – продолжуваат да работат.

„Ние тука не сме ни пет проценти локални работници, а требаше да бидеме 70 проценти. Наместо тоа, сега и ние малкумина што сме од Македонија нè бркаат. Странските работници остануваат, а за нас Владата наводно немала пари“, изјави работникот Јетон Фариу.

Од Министерството за транспорт, пак, велат дека Владата навремено ги исплатила сите фактури кон изведувачот и дека државата нема обврска да се меша во одлуките поврзани со бројот на работници.

„Во однос на бројот на работници, компаниите кои работат во име на изведувачот како подизведувачи и ангажирањето машини или друга опрема се договорни обврски на изведувачот ‘Бехтел и Енка’. Владата, Министерството за транспорт и ЈПДП како инвеститори немаат обврски во тој дел“, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека проектот се реализира согласно предвидените рокови и дека динамиката на работите останува непроменета.

Од канцеларијата на „Бехтел и Енка“ во Скопје истакнуваат дека се горди на своето искуство во изградба на автопати низ Централна и Источна Европа, нагласувајќи дека во своите проекти традиционално им даваат приоритет на локалните работници и заедници.

Според компанијата, во текот на реализацијата на големите инфраструктурни проекти често се вршат прилагодувања на бројот на работници во зависност од фазите на изградба.

„Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува прилагодување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби“, соопштија од „Бехтел и Енка“.

Од компанијата потврдуваат дека проектот бележи напредок и дека остануваат посветени на партнерството со Владата за изградба на автопатска инфраструктура која ќе ја подобри поврзаноста и ќе придонесе за економски развој. Тие исто така нагласуваат дека сите фактури до овој момент се целосно исплатени од страна на Владата.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Трошоците за живот во февруари пораснаа за 0,2 отсто, на годишно ниво повисоки за 2,9 проценти

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Филипче предлага намалување на ДДВ за горивата на 5% и нула ДДВ за основните прехранбени производи

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Мицкоски: Нема официјална понуда за брзо проширување на ЕУ

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Автобус оставил патници поради недостиг на гориво

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Филипче: Дупката во буџетот е околу две милијарди евра

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

МВР: Во Македонија пријавени 39 случаи на семејно насилство во последните две недели

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Алармантни статистики: Повеќе од половина од населението во Македонија се соочува со зголемена телесна тежина

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Трагедија во Скопје: Внатрешната контрола на МВР истражува полицајци кои игнорирале 10 пријави за семејно насилство

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Аврамоска-Нушкова: Македонија меѓу првите во Европа по бројот на убиства на жени

СВЕТ
09 март 2026

Нафтата ја проби границата од 100 долари: Рестрикции за гориво и првични последици на домашниот пазар

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Скопје: Снаа ја пријавила свекрвата во полиција поради двегодишно малтретирање и навреди

СВЕТ
09 март 2026

Бугарија купува крајбрежен ракетен систем од САД вреден 620 милиони долари

ДРУГО
09 март 2026

Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител

СВЕТ
09 март 2026

Европа сега купува најмногу оружје во светот

СВЕТ
08 март 2026

Трамп: Краток раст на цената на нафтата за поголема безбедност

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
08 март 2026

Голем скок на цената на нафтата по проблемите во Блискиот Исток

СВЕТ
08 март 2026

Трамп: Следниот врховен лидер на Иран „нема да трае долго“ без одобрение од САД

СВЕТ
08 март 2026

ЕУ иницијатива „Носи ја промената“ започнува во Северна Македонија по повод 8 Март

МАКЕДОНИЈА
08 март 2026

Израелскиот амбасадор во САД: Можно е испраќање војници во Иран

СВЕТ
08 март 2026

НАТО објави порака од Вјоса Османи за 8 Март: Жените се двигатели на напредокот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
08 март 2026

Actualno: Македонски патриот и редактор во „Нова Македонија“ со бугарски пасош, а плука по Бугарија

МАКЕДОНИЈА
08 март 2026

Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање

СПОРТ
08 март 2026

Историски почеток: Бугаринот Цолов победи на првата трка во Формула 2

МАКЕДОНИЈА
08 март 2026

Филипче: Буџетската дупка расте, економската состојба во државата сериозно се влошува

СВЕТ
08 март 2026

БДП на Бугарија достигна 33,4 милијарди евра – по 5.216 евра по жител

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
08 март 2026

Лидерите на Европа со пораки за поддршка на жените и нивната улога во општеството

СВЕТ
08 март 2026

Прва реакција од претседателот на ОАЕ по иранските ракети

СВЕТ
08 март 2026

Експлозија во близина на американската амбасада во Осло, нема повредени

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега