02 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Се чини дека за банкарскиот сектор во Македонија нема криза. И додека стопанството постојано алармира за тешкотии, банките бележат континуиран раст на добивките. Според најновите податоци на Народната банка, само во првите три месеци од 2025 година, македонските банки инкасирале добивка од речиси 72,6 милиони евра.
Најголем дел од приходите повторно доаѓаат од камати и провизии – трошоци што ги плаќаат граѓаните и компаниите. Само по основ на камати, банките наплатиле над 146 милиони евра, при што домаќинствата учествувале со повеќе од 58 милиони евра. Нето-приходот од камати, односно приходот намален за исплатените камати, достигнал 113 милиони евра.
Покрај тоа, за банкарски провизии и различни надоместоци, граѓаните и деловниот сектор оставиле уште 44 милиони евра, а нето приходот од провизии за банките изнесува повеќе од 27 милиони евра. Севкупно, анализата покажува дека граѓаните и компаниите платиле над 190 милиони евра само за камати и провизии.
Голем дел од добивката е концентриран кај најголемите банки во земјава. Според податоците на Народната банка, петте најголеми банки оствариле 66,4 милиони евра профит, што е дури 91% од вкупната добивка во банкарскиот сектор. Преостанатите три средни и пет мали банки го делат остатокот од околу 6 милиони евра.
На врвот на листата со најголеми профити се трите најмоќни банки:
Овие три банки, според официјалните финансиски извештаи, имаат поголем профит од сите останати компании котирани на Македонската берза.
Иако банкарскиот сектор е темелот на финансиската стабилност на државата, овие бројки повторно ја отвораат дебатата за висината на каматите и банкарските провизии. Граѓаните и компаниите се соочуваат со зголемени трошоци за банкарски услуги, додека добивките на банките достигнуваат рекордни нивоа. Се поставува прашањето дали е потребно поголемо регулирање на банкарските услови и поттикнување на конкурентноста за да се заштитат потрошувачите.