09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Автобус со косовски национални ознаки синоќа удрил во кабина на граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата во СВР Скопје, настанот се случил вчера во 23:55 часот, кога И.Ф. (40) од Косово, управувајќи автобус, од засега неутврдени причини, удрил во службена кабина на граничниот премин.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје. По преземените мерки, на возачот не му бил дозволен излез од државата, а неговите лични и возачки документи биле одземени за понатамошна постапка.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни законски мерки.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

