21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во подкастот „Почетна пресметка“, Благојче Атанасоски отвори чувствителна, но суштинска тема за начинот на кој македонското општество ги прифаќа или отфрла туѓите историски и политички наративи. Неговата теза е дека во македонскиот јавен простор со децении е вграден еден „скриен српски свет“ – културен, ментален и духовен – кој се пренесува преку медиумите и е прифатен како нешто нормално и неспорно.
Атанасоски посочува дека во Македонија речиси без реакција се прифаќаат формулации и историски интерпретации како онаа дека кај Кајмакчалан завршува „Стара Србија“, или тврдењето дека во 1913 година, на Зебрњак, Србите „ослободиле земја од петвековно турско ропство“. Според него, ваквите наративи не предизвикуваат јавна вознемиреност, ниту сериозна медиумска дебата, иако директно навлегуваат во интерпретацијата на историјата и просторот.
Од друга страна, Атанасоски укажува на остриот контраст во реакциите кога слични тврдења доаѓаат од Бугарија. Како што вели тој, доволно е некој бугарски политичар или јавна личност да изјави дека Македонија е „бугарска“, па да следи хистеризација – силни реакции кај граѓаните, доминација на темата во медиумите и општа мобилизација на јавноста.
Токму во таа разлика во реакциите, Атанасоски го гледа клучниот доказ за својата теза. Според него, македонското општество со текот на времето се навикнало да живее во српскиот културен и духовен наратив, до таа мера што тој повеќе и не се доживува како туѓ или проблематичен. Тој станал дел од секојдневниот говор, од медиумскиот речник и од колективната свест.
„Тоа е доказ дека ние едноставно сме се научиле да живееме во тој културен и духовен српски свет и тоа нам да не ни пречи“, порачува Атанасоски, потенцирајќи дека станува збор за длабоко вкоренет процес, а не за поединечни изјави или инциденти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

