01 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорот и историчар, во повеќе медиумски настапи и колумни во балканскиот јавен простор, порачува дека Албанците во земјата мора уставно да бидат признаени како државотворен и конститутивен народ, а не како заедница со декоративна улога. Во неговите анализи тој предупредува дека тековните дебати околу внесувањето на други заедници во Уставот се „само завеса“ што ја прикрива вистинската цел – намалување на уставната субјективност на Албанците.
Во напис со наслов „Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира“, објавена во весникот, Асани тврди дека од 1991 година постои континуирана политичка линија на државата што ја турка кон еднонационална парадигма, при што улогата на Албанците се намалува и релативизира.
Тој потенцира дека распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги затекнал Албанците подготвени да бидат фактор во создавањето на државата и дека токму тие ја гарантирале евроатлантската насоченост и меѓународниот легитимитет на новата држава. Но, според Асани, овој придонес бил потценет, институциите продолжиле да го третираат албанскиот елемент како „опасност, а не партнер“, што довело и до судирот во 2001 година и потоа до Охридски договор.
На меѓународно ниво, Асани упатува порака и до официјалните институции во соседната Албанија. Во неговите тези, Тирана треба да стане „сѐалбански политички центар во Балканот“, со улога на водечка геополитичка точка за албанската нација.
Во колумната „Ноември на националната одговорност“ објавена во косовскиот медиум Бота сот, Асани вели дека Тирана не може да молчи пред политичките кризи во Приштина и „институционалниот вакуум“ во Скопје, бидејќи токму тие три центри на заедничка координативна релација треба да ја изградат „новата албанска оска“.
Според него, само преку стратешка дипломатија, институционална поврзаност и сојузништво со природниот партнер – Соединетите Американски Држави – може да се постави нов систем на регионална стабилност и евроатлантска безбедносна архитектура.
Во претходен напис „Државотворноста наспроти изборите и процесот на интеграција“, објавен од информативната агенција, Асани бара албанските политички партии во земјата да креираат нова заедничка платформа, кадешто Охридскиот договор нема да биде затворање на процесите, туку почеток на нови механизми за консолидација и унапредување на албанската државотворност.
Во неговите пишувања, Асани предлага и конкретни модели на дејствување:
Асани предупредува дека намалувањето на уставната субјективност ќе создаде простор за екстремистички и дестабилизирачки проекти, а тоа, според него, претставува директна опасност за меѓуетничкиот мир и безбедност во регионот.
Во финалните тези од својот медиумски ангажман, Асани ја нагласува историската и политичката задача на Албанците во Македонија – „да ја одбранат и да ја унапредуваат државотворноста“ и уставно да ја зацврстат улогата во државната конструкција, како рамноправен партнер, а не како заедница што се администрира.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

