02 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, остро реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски поврзана со случајот на наводни дивоградби во општина Чаир и нивната незаконска легализација. Преку објава на своите социјални мрежи, таа упати сериозни критики кон премиерот, обвинувајќи го за молк и неактивност пред, како што вели, криминалите на неговите коалициски партнери.
„Овој ’лав‘ што се рекламира по билборди не смее ниту да ги погледне накриво, а не пак да бара одговорност од своите партнери во ВЛЕН, меѓу кои се и Арбен Меџити и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу“, напиша Арсовска.
Таа се осврна и на изјавата на Мицкоски, кој во однос на случајот во Чаир се согласи со ставот на вицепремиерот Меџити и Ганиу дека Арсовска наводно била „инструмент за дестабилизација на ДУИ“. Таа остро ги отфрли тие наводи:
„Ви се дестабилизира сѐ на вас кога ќе ве фатат со рачињата во медот, кога немате одговор за криминалот. Тогаш зборувате за дестабилизација“, изјави таа.
Арсовска исто така тврди дека институциите ја игнорираат и дека, и покрај тоа што презентирала документи за сериозни незаконски активности, полицијата одбива да прими пријава.
„Ми спуштаат телефон на 192 кога ќе се претставам кој се јавува. Срам сте вие, не гордост“, додаде таа.
Со оваа објава, Арсовска повторно ја отвори дебатата за (не)одговорноста во владејачката коалиција, но и за можната селективна правда во институциите. Очекувањата се дека обвинувањата ќе предизвикаат бурни реакции на политичката сцена.