04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, утрово преку објава на социјалната мрежа Фејсбук алармираше за наводен план за дестабилизација на градот и секојдневието на скопјани. Според неа, станува збор за организиран обид преку Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и ЈП Комунална хигиена да се предизвика хаос и да се одвлече вниманието од клучните прашања.
„Им се дестабилизира милионскиот бизнис. Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми. Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје. Ќе почнат со ЈСП, па со Комунална хигиена и ќе креираат хаос за да дефокусираат и да владеат“, напиша Арсовска.
Таа во објавата го посочи таканаречениот „бизнис коалициски триаголник“ составен од политичките фигури Висар Ганиу, Изет Меџити и Беким Адеми, обвинувајќи ги дека стојат зад планот за дестабилизација. Според неа, нивните интереси се загрозени, а реакцијата е директно насочена кон политички и финансиски цели.
„Бизнис коалицијата со Ганиу, Меџити и Адеми не смее да трпи. На сликава од вчера ѕирка дестабилизираниот елемент“, додаде Арсовска, објавувајќи и фотографија што наводно го прикажува едно од лицата поврзани со споменатите настани.
Објавата предизвика силни реакции на социјалните мрежи, при што дел од јавноста побара објаснување и докази за наводите, додека други изразија поддршка за градоначалничката и нејзината борба против, како што рече, „институционалниот саботаж“.
Останува да се види дали и какви ќе бидат официјалните реакции од споменатите политички актери и јавните претпријатија на кои Арсовска укажува.