29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, соопшти дека на улицата „Пластичарска“ биле откриени голем број диви приклучоци, но дека единствено ЕВН и ЈП „Водовод и канализација“ постапиле по пријавите.
„Од сите институции, единствено ЈП Водовод и канализација и ЕВН постапија по нашите пријави за незаконско градење без проект, без документи и исклучија диви приклучоци. Од општината Чаир, иако знаат дека не издале дозвола за градење, се кријат некаде, дозволуваат да се продолжи со незаконско градење и кој знае што имаат ветено,“ напиша Арсовска на своите профили на социјалните мрежи.
Таа го повика и министерот за транспорт, Александар Николоски, да реагира преку Државниот инспекторат за градежништво, наведувајќи дека ќе следат нови случаи на нелегална градба.
„Ќе му јави некој на министерот за транспорт, Ацо ДубаиНиколовски, дека неговиот Државен градежен инспекторат има надлежности и тука, исто како во Делчево и Македонска Каменица, или пак ќе се прави дека не е информиран?“, запраша Арсовска.
Градоначалничката најави дека од понеделник ќе изнесе уште 20 нови случаи на, како што го нарече, „криминал со дивоградби“, за кои обвини дека се поврзани со актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.
„Од понеделник следете нѐ со нови 20 случаи на криминал со кој Висар Ганиу има гарантиран влез во Гинисовата книга на рекорди!“, додаде таа.