28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Граѓаните повторно се соочуваат со проблеми при користење на апликацијата „МојДДВ“. Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека мобилната апликација моментално функционира со прекини, а нивните тимови интензивно работат на санирање на техничките пречки.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, соопштија од УЈП.
Од таму апелираат до граѓаните за трпеливост и разбирање додека трае отстранувањето на техничките проблеми, уверувајќи дека тимот на УЈП е целосно ангажиран во надминување на прекините и враќање на нормалното функционирање на апликацијата.