07 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Иако поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, демантираше дека бил фатен на граница со 20 илјади евра без покритие, јавноста и натаму бурно реагира на случајот. Своја реакција изнесе и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Во објава на социјалните мрежи, Апасиев саркастично напиша:
„Го фатиле Рашко со 20.000 евра на граница, у кеш… Ебате аматерот. А бе купи си саат ко Мицика од 60.000 евра и помини си ко господин-чоек.“
Со ова тој го спореди случајот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој претходно беше прозиван во јавноста поради скап часовник.
Претходно и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Рашковски бил фатен на граничниот премин „Ново Село“ со 20 илјади евра кеш, поставувајќи прашања за потеклото на средствата.
„Дали овие пари се дел од перените пари од случајот ‘Софтвери’? Дали СДСМ ќе се огради од Рашковски, а со тоа и од Заев, кој важеше за негов најблизок соработник?“, изјави портпаролот Валентин Манасиевски.
Тој додаде дека од владејачката партија се очекува да покажат дали имаат намера да се реформираат и да внесе „чесни луѓе“ во своите редови.
Од своја страна, поранешниот генерален секретар на Владата тврдеше дека станува збор за легално пријавени средства, приложени со банкарски извод пред царинските службеници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден