Апасиев остро: Пола влада, заедно со сопругите, биле во Јапонија на наша сметка!?
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку својот Фејсбук профил остро ја критикува актуелната влада, обвинувајќи ја дека половина од нејзините членови, заедно со сопругите, отпатувале во Јапонија на државна сметка.
„Простаци неизживеани, едвај чекавте да дојдете на власт за да локате, ждерете и шетате на државна сметка“, напиша Апасиев, додавајќи ја и познатата хаштаг ознака #Башибозук, со која редовно ја искажува својата критика кон владејачките структури.
Апасиев во својата објава не наведува конкретни имиња или детали за патувањето, но пораката јасно алудира на луксузирање и расипничко трошење на јавните пари од страна на функционерите. Овој настап доаѓа во време на зголемено незадоволство во јавноста поради економските предизвици со кои се соочува земјата.