македонија12 февруари 2025 Апасиев: Честито нови милиони евра, колеги патриоти, со здравје да си ги трошите
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, повторно упати жестоки критики кон пратениците во Собранието, откако неговата партија не успеа да обезбеди поддршка за намалување на патните трошоци.
Апасиев, познат по својата директност, на социјалните мрежи објави саркастична порака упатена кон колегите пратеници:
👉 „Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите.“
Предлог-законот на Левица предвидуваше значително кратење на надоместоците за патни трошоци, кои веќе долго време се тема на јавна дебата поради сомневањата за злоупотреби.
Со неприфаќањето на овој предлог, пратениците и натаму ќе добиваат високи средства за патни трошоци, што предизвика лавина од реакции во јавноста.