македонија05 октомври 2024 АМСМ и ЦУК алармираат за внимателност по патиштата поради појава на одрони
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги пренесува препораките на АМСМ за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Известуваат и дека на повеќе места во државата се одвиваат работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна и патна сигнализација. ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано четири (3) пожари на отворено на територијата на државата. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола, во која се наведува дека од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола). ТППЕ Демир Хисар во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар). РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Штип од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево), од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 028 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 60,06%, а 39,94% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 67,16%, кон Итната медицинска помош 19,82%, кон пожарникарите 5,03%, а кон АМСМ 0,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК.