10 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија може значително да се забрза доколку се спроведат потребните реформи и се усвојат уставните измени, изјави амбасадорот на ЕУ во земјата, Михалис Рокас, за ТВМ. Тој нагласи дека геополитичкиот момент е поволен, а можноста за напредок – реална.
Рокас изрази надеж дека земјата ќе го искористи овој момент за побрзо приближување кон членството во ЕУ.
„Процесот ќе се забрза најдобро преку спроведување на реформите. Во период на геополитичка нестабилност и со сите предизвици со кои се соочува Европа, ќе биде тешко да се постават нови пречки ако реформите се спроведуваат квалитетно. Но, еден чекор е неопходен – уставните измени. Тоа ќе ни овозможи да влеземе во ново поглавје на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија,“ – изјави Рокас.
Тој додаде дека можноста за напредок е реална и моментот не треба да се пропушти, нагласувајќи дека Брисел е подготвен да ја поддржи земјата во овој процес.
За Северна Македонија, членството во ЕУ значи поголем пристап до европските кохезивни фондови, што може да придонесе за економски развој.
Амбасадорот Рокас потсети дека приклучувањето кон SEPA системот претставува последна придобивка што се очекува да ја поттикне економската активност, при што ЕУ останува најголем инвеститор во земјата.
Тој истакна дека по долгогодишно чекање, отворањето на преговорите по поглавја со Брисел зависи од исполнувањето на поставените услови, меѓу кои уставните измени се најзначајни.
Државниот советник во Министерството за европски прашања, Драган Тилев, оцени дека европската интеграција не е надворешно-политичко прашање, туку процес на внатрешни реформи.
„Сите елементи поврзани со усогласувањето на законодавството со тоа на ЕУ и зајакнувањето на институциите се дел од внатрешната политика,“ нагласи Тилев.
Тој потсети дека држави како Словенија и Бугарија значително го зголемиле својот БДП по членството во Унијата, додека Северна Македонија веќе над 70% од извозот го насочува кон пазарот на ЕУ.
Денеска се празнува Светата маченичка Параскева – симбол на верата и милосрдието
Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

