09 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Современото здравство не се гради само со згради и апарати, туку со податоци, интеграција и дигитална инфраструктура – порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 2025, што се одржува во Скопје.
Алиу истакна дека дигитализацијата поставува темели на здравствен систем кој учи, предвидува и реагира навреме, со што се создава здравство кое не чека појава на проблем, туку ги спречува навремено. Тој нагласи дека податоците треба да се движат со пациентот, а не обратно, овозможувајќи лекарите да располагаат со целосна и точна здравствена историја, додека пациентите ќе имаат целосен увид и контрола врз сопствените податоци.
„Ова е модел по кој работи целиот свет – здравствена инфраструктура која делува, а не само реагира“, рече министерот. Според него, дигитализацијата не е услуга, туку основа која обезбедува еднакво и достоинствено здравство за сите граѓани.
Алиу додаде дека новите технологии не се грижат само за пациентите, туку и за здравствените работници, овозможувајќи развој на телемедицина и следење на хронични болести во реално време. Употребата на дигитални протоколи, вештачка интелигенција и алгоритми ќе помогне во навремено откривање на здравствени ризици.
„Со дигитализацијата ќе имаме помалку чекање, помалку непотребни хоспитализации и повеќе грижа и достоинство за пациентите“, нагласи министерот Алиу. Тој најави дека Министерството ќе продолжи со интеграција на сите здравствени установи и сервиси во државата и воспоставување национално електронско здравствено досие за секој граѓанин.
Бугарски аналитичар со остра анализа: С. Македонија работи против своите интереси
Пратеничка од Влен: „Беким Сали ќе биде премиер на Албанците во Македонија“
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

