14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за здравство Азир Алиу вечерва на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи, кој заседаваше во проширен состав во МВР, информираше дека досега нема хоспитализирани пациенти како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во скопското село Трубарево.
Според Алиу, моментално загаденоста на воздухот не е на ниво што би спречило граѓаните да излегуваат надвор. Тој притоа нагласи дека материјал веќе е земен од акредитирана институција и до понеделник ќе бидат објавени официјалните резултати за состојбата со воздухот. „Најверојатно на прес-конференција ќе ја соопштиме структурата на воздухот во овој момент,“ изјави министерот.
Алиу потсети и на препораките на Министерството за здравство, кои се однесуваат пред сè на најранливите категории – лица постари од 65 години, деца и бремени жени – со цел да се минимизираат можните ризици по здравјето.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден