06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека Министерството за здравство не е надлежно да утврдува како легалните компании за производство на медицински канабис успеале да изнесат марихуана надвор од нивните објекти. Неговата изјава следува по полициската акција во која беа запленети 27 тони марихуана во Скопје и Струмица.
Алиу појасни дека Министерството за здравство досега издало вкупно 60 дозволи за производство на медицински канабис, но 18 од нив биле повлечени поради неисполнување на минималните законски услови.
„Досега дадовме 60 дозволи, од кои 18 беа повлечени бидејќи компаниите не ги исполнуваа минималните услови што треба да ги има еден таков производител. Согласно законот и протоколите, компаниите имаат обврска двапати на секои шест месеци, односно на секои три месеци, да доставуваат редовни извештаи. Доколку има каква било промена во работењето, извештајот мора да се достави во реално време“, изјави министерот.
Тој додаде дека целокупната документација е во надлежност на Министерството за здравство и се чува во неговата архива, при што надзорот се спроведува преку редовни инспекциски контроли, како дел од годишната програма, но и преку ад хок контроли кога тоа е потребно.
„Сè што е поврзано со инспекцискиот надзор во рамките на објектите е наша надлежност. Но, прашањата каде била пронајдена дрогата, како и зошто таа излегла надвор од производните објекти, не се во надлежност на Министерството за здравство. Тоа е работа на Министерството за внатрешни работи“, нагласи Алиу.
Со ова, министерот уште еднаш потенцираше дека одговорностите меѓу институциите се јасно разграничени и дека истрагата за незаконското изнесување на марихуаната треба да ја водат надлежните органи за безбедност.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

