04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Младинскиот форум на Алијансата за Албанците (МФАА) изрази сериозна загриженост поради, како што велат, системскиот процес на „деалбанизација“ во јавната администрација во Северна Македонија. Според партијата, неодамна објавени податоци за вработувања и унапредувања во државните институции покажуваат алармантна диспропорција меѓу етничките заедници, при што Албанците се сериозно маргинализирани.
„Од 205 неодамнешни вработувања и унапредувања во институции како Заводот за статистика, Државниот архив, УЈП, Министерството за култура, Централниот регистар, Царината, како и во енергетски компании во Струга, Маврово и Дебар, само двајца Албанци се вработени или унапредени, наспроти 203 Македонци,“ наведуваат од Форумот. Тие додаваат дека оваа состојба е резултат на „намерна и организирана политика“ која се спроведува под влијание на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Алијансата остро го критикуваат и првиот вицепремиер Изет Меџити, оценувајќи дека не ги исполнил своите обврски во заштитата на интересите на албанската заедница. „Неговото молчење пред оваа отворена дискриминација го прави соодговорен во еден процес кој е не само антиалбански, туку и антиевропски,“ велат од МФАА, додавајќи дека претставник кој не реагира на исклучувањето на Албанците од институциите, не може да се смета за нивен автентичен претставник.
Во своето соопштение, Младинскиот форум ги повикува младите Албанци на активизам и отпор против, како што велат, „стар систем со нови актери“. „Рамноправноста не се добива со молчење, туку преку реакција, организирање и постојан притисок,“ истакнуваат тие. Од партијата бараат транспарентност, еднаква застапеност и целосна интеграција на Албанците во сите институции на системот.
„Доколку овие принципи не се гарантираат, младите Албанци ќе го искористат секое демократско средство за да го запрат овој опасен процес. Иднината нема да се гради врз молчење, туку врз глас, храброст и организирана акција,“ заклучуваат од Алијансата за Албанците.