од Вардарски
Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците (АА), јавно реагираше преку својата објава на Фејсбук по повод вчерашните политички случувања. Со оваа реакција, Таравари упати јасна порака дека неговата партија сериозно ја сфаќа судбината на граѓаните и дека нивните одлуки не се носат ниту под туѓо влијание, ниту заради лични интереси.
„Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување за имиња и презимиња. Ние сме Алијанса за Албанците, работиме само во интерес на народот“, истакна Таравари во својата порака.
Со оваа изјава, лидерот на АА сакаше да ја потенцира независноста и принципиелноста на партијата, која, според него, нема да биде искористена како алатка за туѓи политички калкулации. Таравари порача дека Алијансата стои цврсто на своите ставови и дека нивниот фокус останува на интересите на народот, а не на задоволување лични или партиски амбиции.