11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На собирот на Алијансата за национална интеграција во Липково, лидерот на партијата, Али Ахмети, испрати силна и директна порака до лидерите на коалицијата ВЛЕН, обвинувајќи ги дека се „поткачувачи и слуги“ на премиерот Христијан Мицкоски.
„Христијан Мицкоски не се осмелува да влезе во партнерство со нас, затоа што ние имаме услови и не сме луѓе што му бакнуваат рака на никого. Тој најде неколку поткачувачи и слуги, и така започна постепеното рушење на Охридскиот договор,“ изјави Ахмети.
Во своето обраќање, Ахмети потсети дека „пролеаната крв не станува вода“ и дека жртвите дадени за правата на Албанците во Македонија не смеат да бидат заборавени.
„Ќе успееме ли? Не верувам. Затоа што пролеаната крв не станува вода, а ако стане – не се пие!“, порача тој.
Ахмети ја нагласи важноста на сеќавањето и почитувањето на сите што придонеле за правата на Албанците во земјата:
„За нас, крвта, жртвата и политичките затвореници се свети прашања што секој Албанец треба да ги брани со фанатизам,“ рече тој.
Пораката на Ахмети беше пречекана со ентузијазам од присутните, кои ја потврдија поддршката за политичката борба на Алијансата за национална интеграција. Настанот во Липково го потенцираше единството и решеноста на оваа политичка сила да продолжи да се залага за правата и достоинството на Албанците во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден