16 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитки до фудбалските репрезентации на Косово и Албанија по нивниот пласман во плејофот за Светското првенство. Ахмети ги оцени овие успеси како историски моменти за албанскиот фудбал.
Во својата реакција на Фејсбук, тој го истакна придонесот на „двајцата Асмани“ кои, според него, ги воделе двете селекции кон сонот – настап на Мундијал.
„Двајцата Асмани, како две крилја на орелот: завчера Кристијан, а вечерва Фисник го обезбедија историскиот плејоф за Албанија и Косово за Светското првенство во фудбал.
Честито, shqipe, браво момци!“ – напиша Ахмети.
Во натпреварот против Андора, Албанија ја обезбеди победата со единствениот и решавачки гол на Кристијан Асмани.
Од друга страна, Фисник Асмани ја донесе Косово во водство уште во шестата минута со гол за 0–1, резултат со кој заврши првото полувреме. Заг Керничи дополнително ја влоши ситуацијата за Словенија со еден несреќен автогол во 64-тата минута.
Со овие два значајни триумфи, Албанија и Косово направија голем чекор поблиску до светската фудбалска сцена, а изјавата на Ахмети ја одразува гордоста и еуфоријата што владее меѓу навивачите и јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

