13 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На митингот на Националната алијанса за интеграција, одржан денес во Чашка, лидерот Али Ахмети упати повик за масовно учество на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Тој истакна дека Албанците се мост што ги поврзува народите, а не нивни ривали.
„Оваа победа не е за да им се спротивставиме на Македонците, туку за да ја подобриме квалитетната власт. Држава без Албанци не може да се гради. Во Чашка, кога Албанците преземаат одговорност, корист имаат сите – и Албанците и Македонците“, изјави Ахмети.
Лидерот на Алијансата потенцираше дека кога еден Албанец станува градоначалник, како што е случајот во Чашка, тоа значи зајакнување на целата општина.
„Објаснете им на нашите сограѓани Македонци дека кога Албанец ќе стане градоначалник, општината станува посилна. Станува подобра за сите – сите живеат подобро“, нагласи Ахмети.
Тој додаде дека врските со општините како Сарај, Долнени и други се цврсти, и дека развојот ќе дојде преку соработка, а не преку поделби.
„Пушката треба конечно да се закачи. Албанците треба да живеат тука, да придонесуваат и да управуваат“, порача Ахмети.
Својот говор Ахмети го заврши со емоционален повик до граѓаните:
„На 19 октомври радувајте нè со вашата победа, за да го развееме знамето во Чашка!“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден