29 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На денешниот „Марш за ангелите“, Александар Наунов од Кочани испрати силна порака во име на родителите кои чекорат за вистина и правда. Тој нагласи дека нивната борба не е насочена против институциите, туку претставува повик тие да ја исполнат својата основна улога – да служат на граѓаните.
„Родителите маршираат и нема да дозволат вистината да се изгуби во процедури и одложувања“, изјави Наунов, потенцирајќи ја решеноста на семејствата да истраат во барањето одговорност.
Тој истакна дека маршот има длабока симболика и значење.
„Маршот за Ангелите не е против институциите. Овој марш е потсетник дека институциите постојат за луѓето. Чекориме за вистината да не остане на хартија, а правдата да не биде само план. За никогаш повеќе ниедно дете да не стане бројка“, порача Наунов.
Присутните со тишина и достоинство ја поддржаа пораката, испраќајќи јасен сигнал дека бараат транспарентност, одговорност и правда – не само за минатото, туку и како гаранција за иднината.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

