18 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Најновиот Регистер на вработени во јавниот сектор за 2024 година дава детален увид во етничката структура на администрацијата во државата. Податоците покажуваат дека од вкупниот број опфатени вработени, најголем дел се етнички Македонци, по што следуваат етничките Албанци, додека останатите заедници се застапени со значително помал процент.
Во јавниот сектор во 2024 година работеле 127.322 лица, а со извештајот се опфатени 108.670 вработени.
Според официјалните податоци од Регистарот:
Останатите заедници се застапени со помалку од 2 проценти.
Овие бројки ја отсликуваат вкупната слика за етничката распределба во јавната администрација, но анализата по институции покажува значајни разлики во застапеноста.
Во Регистарот за 2024 година се нотира и укинувањето на алатката „Балансер“ од страна на Уставниот суд.
„Почнувајќи од 2015 година, секоја институција во јавниот сектор изготвува годишен план за вработување и согласно истиот спроведува постапки за вработување. Распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност, се врши електронски преку веб алатката достапна на веб локацијата http://balancer.mioa.gov.mk/. Користењето на гореспоменатата алатка е укинато со одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.Бр 90/2024 од 09.10.2024 година“, се наведува во извештајот.
Со оваа одлука, практично се става крај на електронскиот механизам за следење на принципот на соодветна и правична застапеност при нови вработувања.
Анализата според институционална припадност покажува дека етничките Албанци се најмалку застапени во:
На ниво на сите општини застапеноста на етничките Албанци изнесува 20,51%, додека во министерствата процентот е повисок – 25,47%. Највисока застапеност, со удел од 60%, има во самостојните стручни органи.
Во делот на правосудството, етничката структура е следна:
Овие податоци покажуваат дека во правосудните институции доминираат етничките Македонци, додека застапеноста на етничките Албанци е под вкупниот просек во министерствата.
Податоците укажуваат на значајни разлики во распределбата по ресори.
Највисок процент – 54,10% – има во Министерството за односи меѓу заедниците, каде 34,02% се Македонци, 3,28% Турци, по 2,87% Роми и Срби, 1,23% Бошњаци и 0,41% Власи.
Над 30% застапеност на етничките Албанци има и во:
Најниски проценти на застапеност на етничките Албанци има во:
Податоците покажуваат дека најголем број вработени од турската заедница има во Министерството за економија, Министерството за јавна администрација и Министерството за европски прашања.
Што се однесува до ромската заедница, процентуална застапеност над 2% има во неколку ресори, меѓу кои Министерството за европски прашања, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за правда и Министерството за социјална политика. Највисок удел од 6,25% Роми има во Министерството за спорт.
Податоците од Регистарот за 2024 година укажуваат на значајни разлики во етничката распределба на вработените во јавниот сектор, како по институционално ниво, така и по ресори. Иако вкупната застапеност на етничките заедници дава генерална слика, деталната анализа покажува концентрираност и варијации кои отвораат прашања за примената на принципот на соодветна и правична застапеност, особено по укинувањето на „Балансерот“.
Во следното тематско продолжение ќе следува анализа на вработените во јавниот сектор според етничка припадност и нивото на образование во државните институции и агенциите.
Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

