МАКЕДОНИЈА

АЛАРМАНТНО: До 2070 година, С. Македонија може да остане со само 500.000 жители!

06 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

С. Македонија се соочува со сериозна демографска криза која, според експертите, може да ја доведе во прашање самата егзистенција на државата. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, бројките се загрижувачки: само во првиот квартал од 2025 година се родиле 3.526 бебиња, додека починале 5.398 лица. Тоа претставува природен пад на населението од 1.872 жители за само три месеци.

Трендот не застанува тука. Дополнително, бројот на склучени бракови бележи пад од 25% во споредба со истиот период минатата година, што дополнително укажува на слаба перспектива за зголемување на наталитетот во иднина.

Проекциите на статистичките служби се мрачни: доколку продолжат овие трендови – со намалена наталитетна стапка, зголемена смртност и опаѓање на семејните вредности – до 2070 година населението на Македонија може да се намали на само 500.000 жители. Тоа е бројка што директно ја загрозува иднината на нацијата – економски, културно и геополитички.

Иако владите се менуваат и се носат нови приоритети, експертите предупредуваат дека без итна и сеопфатна државна стратегија, С. Македонија се соочува со опасност да стане празна земја. Време е за акција – додека сè уште има време.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени