19 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Над 508 деца во нашата земја доживеале некаква форма на сексуално насилство или вознемирување, според случаите евидентирани во Министерството за внатрешни работи. Во европски рамки, секоe петто дете е жртва на сексуално насилство. Најчесто, сторителот е личност која детето ја познава или на која ѝ верува.
Овие податоци беа презентирани на започнувањето на националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“, чија цел е подигање на јавната свест и зајакнување на механизмите за заштита.
Најголем дел од случаите во земјата се однесуваат на силување на деца под 15-годишна возраст.
„Од овие случаи, 186 се силувања на деца под 15 години, што е навистина загрижувачко. Овие податоци ја потврдуваат неопходноста од систематска акција и превентивни мерки“, беше истакнато за време на претставувањето на кампањата.
Заменичката на Народниот правобранител нагласи дека ова е аларм за целото општество, потсетувајќи дека заштитата на децата не е само законска обврска, туку и прашање на човечко достоинство, совест и одговорност.
„Децата жртви на насилство се соочуваат со двојни трауми – од самото насилство и од често нечувствителниот институционален одговор. Потребни се подобри протоколи, постапки што се прилагодени на децата и цврста соработка меѓу сите надлежни институции“, истакна таа.
Според Марција Палота, претставничка на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, непријатна, но реална е вистината дека злоупотребите се случуваат почесто отколку што сме подготвени да признаеме.
„Прво, превенцијата функционира. Кога децата ги знаат своите права, а возрасните знаат како да реагираат, злоупотребата е потешко да се прикрие и полесно да се спречи. Второ, никој од нас не може да се справи со ова сам. Потребни се обучени професионалци и посветено општество кое секогаш ќе застане на страната на децата“, истакна Палота.
Барбара Лигл, раководителка на компонентата за темелни права и човекови права, нагласи дека кампањата има за цел да ја зголеми свесноста кај децата за нивните права.
„Главната цел е создавање средина во која детските права ќе бидат целосно заштитени, промовирани и каде што ќе се поттикнува развојот на потенцијалот на секое дете“, рече Лигл.
Од вкупно 508 случаи на сексуално насилство и вознемирување врз деца:
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

