МАКЕДОНИЈА

Аларм од Синдикатот за култура: Без плата и без законска заштита – Министерството под оган

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што го нарекува, „системско прекршување на правото на плата“ за вработените во културниот сектор. Во своето последно јавно соопштение, тие го обвинуваат Министерството за култура и туризам дека упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, што резултира со неисплата на платите за месец мај.

Според Синдикатот, Министерството дава усни – телефонски – насоки за пресметка на платите, кои се во директна спротивност со Колективните договори и законската регулатива. Уште позагрижувачки, велат тие, е фактот што институциите добиваат закани кога ќе побараат писмена потврда за ваквите наредби: „нема да земете плата со месеци“, им било порачано.

„Безобразието оди дотаму што, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, алармира Синдикатот.

Тие се повикуваат на одредби од Законот за извршување на буџетот, кои, според нив, јасно ја посочуваат одговорноста на Министерството за култура и директорите на институциите – а не на Министерството за финансии, кое често се користи како изговор.

„Јасно е кој е одговорен – министерот за култура и туризам и директорите кои постапуваат по неговите насоки. Тие се единствено виновни за скратената плата“, наведуваат од Синдикатот.

Синдикатот бара итна исплата на платите согласно законските одредби и одлуките на Управните одбори. Во случај Министерството повторно да го обвини Министерството за финансии за блокада, тие бараат конкретни и јавно објавени законски докази за тоа.

Во знак на протест, Синдикатот саркастично го прекрсти Министерството во „Министерство за (култура) и туризам – Плата нема“, алудирајќи на институционалната негрижа и пасивност.

На последниот настан, актерот Сашо Љутков остро се обрати до министерката Бисера Стојчевска: „Вие бевте министерката која нѐ направи загубари.“ А неговиот колега Тони Михајловски остро додаде: „За пуста функција и преку трупови ќе газите. Јаден министер, јадна култура.“

Незадоволството кулминираше со исвиркување на културни работници на јавни настани и јасна порака: „Ако државата не нѐ чуе преку институциите – ќе нѐ гледа на улиците.“

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени