20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро реагираше по денешните случувања во населбата Злокуќани, каде, како што вели, претставници на власта наместо со програма и визија, на терен излегле со вреќи брашно како средство за предизборен поткуп.
„Денес сведочевме на слика која нè враќа триесет години наназад. Наместо со идеи, визија и програма – тие излегоа со вреќи брашно,“ стои во соопштението од Јакимовски.
Според него, од гаражи и куќи се делеле вреќи од по триесет килограми брашно, што, како што посочува, е понижувачко за граѓаните и јасен показател за недостаток на вистински резултати и дела.
„Кога нема резултати, кога нема дела – останува само брашното,“ додава тој, упатувајќи прашање до премиерот дали ова е визијата што власта им ја нуди на инженерите, професорите, лекарите, пензионерите и домаќините.
Јакимовски нагласува дека граѓаните на Карпош не се купуваат, туку се почитуваат, потенцирајќи дека неговата програма е насочена кон реални проекти и инфраструктурни решенија.
„Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки,“ порача тој.
Во завршницата на соопштението, Јакимовски оцени дека ваквите потези на власта претставуваат навреда за здравиот разум и достоинството на граѓаните.
„Нема брашно што може да ја купи совеста на Карпошанец! Срамота е да ја враќате Македонија во 90-тите години. Карпош одамна замина напред,“ порача Јакимовски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден