16 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска изјави дека со мислите и срцето ќе биде на протестот што го организира Организацијата на ветераните на УЧК (ОВЛ УЧК) во Стразбур.
Ахмети потсети дека токму во овој град, според него, започнала големата неправда кон УЧК и албанскиот народ.
„Овој суд не суди за она за што беше формиран, туку по наводи на Србија, конструирани под влијание на Русија. Хашим, Кадри, Реџепи, Јакупи и другите се наши сојузници и нивното место е во Косово“, напиша Ахмети, пренесува Klan Kosova.
Тој нагласи дека нивната невиност веќе била потврдена од американските и европските пријатели во Хаг, и затоа побара итно ослободување на поранешните раководители на Ослободителната војска на Косово.
„Неправдата мора веднаш да престане. Целиот албански народ е на нозе, барајќи правда за светоста на нашата ослободителна борба“, додаде Ахмети.
Протестот се одржува денес од 13:00 часот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

