12 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, со ентузијазам реагираше на социјалните мрежи по победата на Албанија над Србија. Со својата порака, тој ја истакна националната гордост преку симболиката на орелот – еден од најпознатите албански симболи.
„Орелите летаат високо, во синилата!“ – напиша Ахмети, придружувајќи го коментарот со фотографија на херојот на натпреварот, Реј Манaj.
Со оваа објава, лидерот на ДУИ им се придружи на бројните честитки и изрази на радост што доаѓаа од целиот албански говорен простор по историската победа. Симболот на орелот, кој се наоѓа и на албанското знаме, уште еднаш стана обединувачки знак на националниот идентитет и спортскиот успех.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден