МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

06 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упати јасна порака за единство и политичка стабилност на одбележувањето на 23-годишнината од основањето на партијата. Во своето обраќање, тој ги отфрли шпекулациите за поделба на државата и ги повика граѓаните да не подлегнуваат на манипулации.

„Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија“, рече Ахмети, додавајќи дека „Европскиот фронт“ е во активна комуникација со, како што нагласи, конструктивни политички сили во земјата, со цел да се постигне координација за иднината на државата.

Ахмети ја повтори иницијативата парламентарните и локалните избори да се одржат заедно, како начин за обезбедување политичка стабилност.

„Бараме тоа да се случи бидејќи единствен излез и спас за стабилна политичка состојба се заеднички избори“, изјави лидерот на ДУИ.

На неговата изјава реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што денеска уследи нивен одговор. Во тој контекст, Ахмети ги нарече политички опоненти и нагласи дека ги знае нивните стратегии, кои според него се штетни.

„Сите што досега се соочиле со ДУИ, завршиле како губитници“, предупреди Ахмети, испраќајќи силна порака до опозицијата.

Во врска со честите обвинувања за корупција што доаѓаат од одредени политички кругови, Ахмети ги отфрли како „празни муабети“ и повика на системски ветинг – темелна и сеопфатна истрага за потеклото на имотот на сите политичари.

„Ајде, отворајте истраги за приватизацијата – од 1991 до 2001 година. Нека почне од мене, не од Кристијан!“, изјави Ахмети, повикувајќи на транспарентност и одговорност.

Ахмети ја искритикува и коалицијата ВРЕДИ, споменувајќи го Арбен Таравари како исклучок поради неговото, како што рече, политички зрело повлекување од процеси што го деградираат албанското прашање и Охридскиот рамковен договор.

На крајот од говорот, Ахмети се обрати до македонската јавност со апел за разум и трпеливост.

„Албанците немаат намера да ја делат државата. Не дозволувајте да ве заведат со страв и лажни наративи“, порача лидерот на ДУИ.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени