МАКЕДОНИЈА

Адвокатот на Палевски: „И уште 10 години да се обидувате – вина нема да докажете“

20 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Адвокатот Јовица Страшевски во завршниот збор пред судот побара ослободување на Љупчо Палевски – Палчо од обвиненијата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој тврдеше дека Обвинителството не приложило никакви конкретни докази што ја потврдуваат вината на Палевски и дека обвинителниот акт е, како што рече, „непрецизен и паушален“.

„Предлагам обвинетиот Љупчо Палевски да се ослободи од вина, бидејќи според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал. Не само што не постојат конкретни дејствија, туку тој ниту поттикнал, ниту наведувал некого да изврши кривично дело“, изјави Страшевски.

Тој упати сериозни критики кон Обвинителството и начинот на кој случајот беше третиран во јавноста. Според него, уште пред да започне истрагата, јавноста веќе добила однапред подготвена пресуда преку медиумите и институционални изјави, со што, како што рече, била прекршена уставно загарантираната пресумпција на невиност.

„И уште 10 години да се обидуваат да ја докажат вината – нема да успеат. На сите им стана јасно дека Палевски не ги сторил убиствата“, изјави адвокатот.

Тој посочи дека Обвинителството поднело обвинение со само 17 докази, но ниту еден од нив, според него, не го поврзува Палевски директно со делото.

Во својот настап, Страшевски се осврна и на прес-конференцијата организирана од обвинителот Гаврил Бубевски и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, каде што биле изнесени детали од истрагата. Тој ја оцени прес-конференцијата како „прва голема грешка“, обвинувајќи ги институциите дека со тоа нарушиле права на обвинетиот и влијаеле врз создавање на негативно јавно мислење.

Дополнително, во завршниот збор, Страшевски ја отвори темата за можни недоречености во самата истрага, посочувајќи на видео-снимки и сведоштва поврзани со други обвинети, како Велибор Манев и Боре Видевски. Постави и неколку прашања за кои тврди дека останале без одговор: „Зошто била грабната Вања, а не друго девојче? Дали биле уништени докази кога Кешишев учествувал во откопувањето на телото?“

Со овие изјави, адвокатот Страшевски ја стави под прашање целата постапка и бараше Палевски да биде ослободен од сите обвиненија, поради недостиг на докази и, како што нагласи, сериозни пропусти во истрагата и обвинителскиот процес.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени