22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Адвокатот Јанаки Митровски јавно го прокоментира резултатот на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, на последните локални избори што се одржаа во неделата.
Во објава на својот Фејсбук профил, Митровски потсети на својата претходна понуда за кладба со Богојески, во износ од 100.000 денари, дека Македонски концепт ќе освои најмалку 3.000 гласа. Според него, Богојески ја одбил кладбата со образложение дека не сака да се коцка и дека парите не се значајни.
„Кога му понудив на Петар Богојески кладба во 100.000 денари ако Македонски Концепт освои 3.000 гласа на локални избори, тој јавно се исплаши. Те ситна пара било, те коцкар сум бил. И ми рече 300 гласа му биле доволно да ја финансира партијата. Е освои фантастични 159 гласови“, напиша Митровски.
Тој дополнително нагласи дека според Законот за политички партии, за формирање на партија се потребни најмалку 1.000 основачи, при што истакна дека „самите основачи не го гласаат“.
Во завршницата на својата објава, Митровски иронично му порача на Богојески:
„П.С. Бунтур, уште ја чекам тужбата за и во суд да бришам под со тебе.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден