28 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бранителот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, службеникот Зоран Николовски и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути поднесе иницијатива за преиспитување на обвинението во случајот „Пулс“, со барање тие да бидат ослободени од обвинение поради, како што наведуваат, недостиг на вина.
Адвокатот Еленко Миланов побарал од вршителката на должност јавен обвинител Анита Топалова-Исајловска да свика колегиум во рамки на Обвинителството и повторно да го разгледа поднесеното обвинение. По таквата анализа, според барањето, треба да се донесе одлука за ослободување на овие обвинети, како и на сите лица кои немале директна причинско-последична врска или конкретно овластување во ноќта на трагичниот настан.
Во иницијативата се наведува дека таа е поднесена со цел еднаква примена на законите, како и во согласност со принципот на економичност на постапката, за таа да заврши ефикасно во однос на лицата кај кои евентуално може да постои причинско-последична врска со самото кривично-правно дело. Притоа се нагласува дека треба да се избегне опфат на поголем број лица кај кои не постои таква врска, ниту пак се утврдени дејствија или пропусти поврзани со делото.
Барањето е поднесено по обвинението и предлог-обвинението од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Во рамки на предметот се водат одвоени постапки во зависност од делата што им се ставаат на товар на полициските службеници. Меѓу другото, се гонат и полицајци кои наводно доставиле неточни податоци за исполнување на условите во Министерството за економија.
Преку својот адвокат, обвинетите бараат одговорност да сносат исклучиво лицата кои имале директни дејствија или конкретни овластувања во моментот на пожарот, а не сите оние кои низ годините придонеле објектот „Пулс“ да функционира без пречки.
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

