18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денес на прес-конференција изјави дека според анализите на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот победник на локалните избори во општините со албанско мнозинство.
„Врз основа на направените анализи, сакам со јавноста да споделам еден јасен заклучок – победата на локалните избори во општините со албанско мнозинство и припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Сите податоци од изборните резултати за градоначалници говорат дека во Тетово, Дебар, Чаир, Сарај, Кичево, Брвеница и во уште неколку општини со албанско население, резултатите се производ на масовната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за нивните кандидати, како и за кандидатите на ВЛЕН,“ изјави Адеми.
Тој додаде дека, според ДУИ, улогата на коалицијата ВЛЕН во овие избори била во функција на изборните интереси на ВМРО-ДПМНЕ.
Адеми нагласи и дека, според нивните пресметки, Алијанса за Космополитска Интеграција (АКИ) е победник според бројот на освоени гласови на национално ниво, со предност од над 20 илјади гласови.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

