26 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека упатил заканувачки или навредлив тон кон министерката за образование и наука Весна Јаневска, по инцидентот што се случи пред неколку дена на настан во Тетово.
Адеми појаснува дека неговото обраќање, во кое ѝ рекол „Ти кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“, било насочено кон укажување на потребата од почитување на јазичните права, а не како личен напад или закана.
Во објава на социјалните мрежи, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, новинарот наведува дека обвинувањата против него се обид да се оттурне вниманието од суштинскиот проблем.
„Неприфатливо е јавна функција, избрана со гласови и платена од даноците на граѓаните, да ја избегнува одговорноста да комуницира на јазикот на секој граѓанин на оваа земја. Моето барање е едноставно и фер: почитување на мојот мајчин јазик – албанскиот“, пишува Адеми.
Тој додава дека наместо институциите да одговорат на ова, се прават обиди за негова дискредитација.
„Ова не е само неправедно, туку е и јасен показател за недостаток на волја за еднаквост и институционално почитување“, наведува новинарот.
Во истата објава, Адеми упатува директна порака до премиерот Мицкоски, тврдејќи дека јавниот дискурс придонесува за зголемување на притисоците врз него.
„Драг премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки. Затоа, одговорноста паѓа на вас“, се вели во објавата.
Адеми потенцира дека нема да се повлече од своето барање за еднакви права и дека ќе продолжи да се залага за почитување на јазичната рамноправност во институциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

