МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ: Сомнежи за саботажа при испадот на Блок 2 – нема хаварија, снабдувањето со струја е стабилно

21 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

АД ЕСМ повторно се огласи по повод испадот на Блок 2 од мрежата, откако потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, излезе со обвинувања на прес-конференција. Компанијата категорично демантира дека се работи за хаварија, и нагласува дека сè упатува на саботажа, која е предмет на тековна истрага од страна на надлежните институции.

„Целиот настан е под истрага. Немаме докази за хаварија – сè укажува на намерно предизвикано нарушување во работата на Блок 2,“ соопштуваат од АД ЕСМ.

Нов изведувач за технолошко чистење

Во меѓувреме, АД ЕСМ информира дека новата компанија Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за технолошко чистење по јавен повик, откако ги исполнила сите критериуми и понудила цена за 30% пониска од досегашната. И покрај донесената одлука, договорот сè уште не е склучен поради тековна жалбена постапка. Потпишувањето ќе следи по завршување на овој процес.

Активности за повторно активирање на блоковите

Додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, АД ЕСМ презема проактивни мерки за внатрешно справување со техничките предизвици. Според најавите, Блок 2 и Блок 3 ќе бидат подготвени за синхронизација со електроенергетската мрежа во многу краток рок. Кој од двата ќе биде ставен во функција, ќе одлучи раководството на РЕК Битола, во зависност од потребите.

Снабдувањето со електрична енергија не е загрозено

Од компанијата уверуваат дека снабдувањето со електрична енергија на државата е целосно обезбедено, благодарение на зголеменото производство од ТЕ Осломеј, хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку прецизна балансирана набавка и продажба преку МЕМО.

„Во моментов нема потреба да работат два блока паралелно поради обемот на потрошувачка, но остануваме подготвени за брза реакција,“ додаваат од компанијата.

АД ЕСМ ја повикува јавноста на трпеливост додека институциите ја спроведуваат истрагата и уверува дека сите активности се насочени кон стабилност на системот и заштита на националниот енергетски интерес.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени