22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Согласно податоците објавени на веб-страницата за јавни набавки, Казнено-поправната установа Идризово склучила договор за набавка на храна за затворениците во вкупна вредност од 77 милиони денари. Договорот е со времетраење од една година и опфаќа набавка на месо и месни преработки, риба, овошје и зеленчук, јајца, зачини, млеко и млечни производи.
Покрај овој договор, КПУ Идризово има склучено и посебни договори за нафтени деривати, јаглен и вода за пиење, што дополнително ги зголемува вкупните трошоци за функционирање на установата.
Од друга страна, за исхрана на студентите во државните студентски домови, Државниот студентски дом Скопје издвојува значително помал износ. Според достапните информации, за прехранбени производи се наменети околу 22 милиони денари, и тоа за период од осум месеци.
Иако е неспорно дека затворениците мора и треба да бидат соодветно згрижени, бројките отвораат сериозни прашања за приоритетите во распределбата на јавните средства. За нешто над 2.400 затвореници се издвојува сума која е речиси трипати поголема од средствата наменети за исхрана на значително поголем број студенти.
Дополнително, состојбата во студентските домови веќе подолг период е предмет на јавна критика. Студентите преку социјалните мрежи објавуваат фотографии од храна со мувла, мали и недоволни оброци, нереновирани и дотраени домови, нефункционални лифтови, како и недостаток на греење во зимските месеци.
Во ваков контекст, споредбата на средствата што државата ги издвојува за исхрана во затворскиот систем и во студентскиот стандард отвора поширока дебата за тоа дали младите и образованието добиваат третман што го заслужуваат, или пак повторно остануваат на маргините на институционалната грижа.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

