15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Додека граѓаните се борат со поскапувања, инфлација и сметки што од месец во месец стануваат неподносливи, Владата изгледа има сосема поинакви приоритети – да пие кафе вредно 56 илјади евра. Да, добро прочитавте – повеќе од 3,4 милиони денари од државната каса ќе одат за еспресо, капучино и филтер кафе, договорено преку рамковна спогодба што ќе трае една година.
Според огласот објавен на 10 јуни 2025 година, Службата за општи и заеднички работи на Владата набавува не само обично црно кафе, туку и специјалитети кои очигледно мора да го задоволат префинетиот вкус на функционерите. Прашањето е – на чиј грб?
Оваа држава има болници што немаат доволно лекови, училишта со тоалети од минатиот век и села каде водовод е научна фантастика. Но, изгледа за владиниот „утрински ритуал“ секогаш ќе се најдат пари.
Се поставува елементарно прашање: дали 56 илјади евра за кафе е разумен и морален трошок во време кога илјадници семејства преживуваат со минимална плата? Или пак ова е уште еден показател дека оддалеченоста меѓу властодршците и реалноста на народот е поголема од било кога?
Додека се фалат со штедење и рационализација, бројките зборуваат поинаку. Луксузот е нивниот стандард – а штедењето, наша обврска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден