12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Тетово – Во раните утрински часови на 12 март 2026 година, околу 04:30 часот, во СВР Тетово бил пријавен случај на физички напад. Според информациите, 31-годишен маж од тетовскиот регион пријавил дека бил нападнат од својата 35-годишна партнерка со која живее во заедница.
Како што навел во пријавата, инцидентот се случил додека двајцата се наоѓале во неговото возило, при што партнерката физички го нападнала.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Случајот првично е објавен од медиумот „TetovaSot“.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

