19 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Центарот за граѓански комуникации објави ново истражување за јавните набавки, во кое се детектирани сериозни неправилности во три тендери вредни милиони евра. Анализата укажува на системски слабости во спроведувањето на договорите, недоволна транспарентност и можно прекршување на Законот за јавни набавки.
Првиот случај се однесува на тендерот за набавка на храна за народните кујни во Скопје, со вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Иако во тендерската документација е предвидено храната да се служи во соодветни објекти (мензи), во пракса таа се дели на улица во 7 од вкупно 9 локации.
Истражувањето покажува дека:
Овие отстапувања директно влијаат врз оправданоста на јавните трошоци и укажуваат на непочитување на договорните услови.
Вториот случај се однесува на реконструкцијата на поранешната зграда на Комерцијална банка, проект кој значително ги надминал и роковите и буџетот.
Клучни наоди:
Дополнително, се посочува дека средства во износ од 1,1 милион евра се пренаменувале за нови позиции, што не е дозволено според Законот за јавни набавки. Ова отвора сомнежи за лошо планирање и неефикасно управување со проектот.
Најконтроверзниот случај се однесува на ангажманот на експерти за коридорите 8 и 10-д. За 13 експерти ќе бидат исплатени вкупно 3,8 милиони евра – сума што е еквивалентна на платите на 92 вработени.
Истражувањето открива:
Особено загрижувачки е случајот на експерт кој во државна институција има плата од околу 1.600 евра, а преку овој ангажман ќе добива 15.600 евра месечно – десеткратно повеќе.
Покрај тоа:
Истражувањето заклучува дека во сите три случаи постојат силни индикации за:
Овие наоди отвораат сериозни прашања за одговорноста на институциите и потребата од засилен надзор, со цел да се обезбеди рационално и законито користење на парите на граѓаните.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

