Еден ден и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја признае вистината дека Илинденското востание е дело на македонските Бугари
Став на Бранко Скендерски
Еден ден и ВМРО-ДПМНЕ Краљево ќе мора да ја признае историската вистина дека Илинденското востание е бугарско односно дело на македонските Бугари помогнато од бугарските офицери и подофицери. И не само тоа, ако имаат малку чуство, морал и памет треба веднаш да се откажат од префиксот „ВМРО“ бидејки тоа е творба на македонските Бугари Тодор Александтров и Ванчо Михалов. За бугарскиот карактер на Илинденското востание ќе изнесам доволно аргументи. Младата популација на РСМ треба да ја знае вистината за бугарскиот карактер на востанието и тој факт не треба да се крие. Поготово не треба да се крие карактерот и националноста на сите револуционети, кои беа Бугари а посебно место заема Претседателот на Бугарското Илинденско востание Никола Карев чија фамилија беше бугарска, а неговиот брат како Бугарин и кмет на Крушево од 1941/44 беше убиен во Идризово од претците на тие кои денес го слават неговиот брат Никола Карев.
Одлука за дигање на Илинденското востание донесува централен комитет на ВМОРО, во неполн состав, во јануари 1903 година, со преседавач Бугаринот Иван Гарванов. Причините и предлозите доаѓаат од Битолскиот револуционерен округ поради постојаните афери и откритија на револувционерите и запленување на оружјето на организацијата. Битолчанецот Анастас Лозанчев покасно член на главниот штаб е еден од главните застапници за востанието.
На Солунскиот конгрес во јануари 1903 година, истакнатите членови на организацијата како што се Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други, не присуствуваат поради солунската афера и всушност се против дигање на востание заради неподготвеноста на сите региони, а некои одлуката за дигање на востанието ја сметале за предвремена. За таа цел Гоце Делчев на велики четврток 1903 година пристига во Солун со цел да се сретне со Даме Груев кој штотуку излегол од затвотр и да разговараат за две теми. Првата е ,,Гемиџиите,, да ги одложат атентатите и да се поклопат со востанието и втората е да се одложи востанието за неколклу месеци. ,,Гемиџиите,, не го прифаќаат предлогот додека Даме и Гоце се согласуваат и востанието се одложува за неколку месеци со заклучок дека кога постои револуциуонерна организација мора да има востание, а биле свесни и знаеле дака нема да ја победат Турција но идејата била да се вовлечат големите сили (меѓународниот фактор) за издејствување на Автономија на Македонија односно воспоставување на член 23 од Берлинскиот договор. Подготовките за востание започнуваат.
Од 2 до 7 мај 1903 година во Смилево во куќата на Георги Чуранов, се одржа прочуениот Смилевски конгрес на Битолскиот револуционерен округ, на кој во почетокот учествуваа 35 делегати чии број во текот на конгресот ја надминал цифрата над 45 делегати. На тој конгрес се потврдени одлуките на Солунскиот конгрес за дигање на востанието. Избран е генерален штаб на чело со Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов. Борис Сарафов е избран за ревизор на сите чети, со помошници, питомецот од бугарската воена академија, Димитар Дечев, поручникот од бугарската армија Димитар Стојков и потпоручникот од истата бугарска армија Александар Панајотов. Одреден е и датумот на востанието 02.08.1903 година, одлучено е востанието да биде партизанско, без масовно учество на населението и избрани се централни војводи. За Демирхисарско-Кичевско и Битолско, за централен војвода е избран Никола Дечев. За Охридско поручникот Димитар Стојков. За Крушевско потпоручникот Тодор Христов. За Ресенско и Преспанско потпоручник Александар Панајотов. За леринско потпоручник Георги Папанчев и за Костурско, фетфебелот Иван Попов. Нашата историографија сеуште ги крие личностите кои учествуваа во подготовката на востанието, ги кријат личностите, кои се составен дел на воениот штаб како и личностите централни војводи.
Во подготовката на бугарското Илинденско востание и во неговото одвивање учествуваат десет (10) офицери и подофицери на бугарската армија од кои повеќето имаат поднесено оставки на своите служби во текот на јануари/август 1903 година. Тоа се: Борис Сарафов, Димитар Дечев, Димитар Стојков, Стефан Георгиев, Иван Попов, Лука Иванов, Константин Кондов, Александар Панајотов, Георги Папанчев и Тодор Христов.
Битолскиот револуционерен округ е поделен на девет (9) околии и на секоја околија има така наречено горско раководство од 3 до пет души, а заедно со градските раководства на Смилевскиот конгрес се формирани пет воени центри на чие чело застануваат бугарските офицери и подофицери. Откако се насетил неуспехот на востанието, Главниот штаб на востанието во состав Борис Сарафов, Анастас Лозанчев и Даме Груев, со писмо број 534 од 09.09.1903 година се обраќа до Бугарската Влада со следниот текст, цитирам: ,, Тука сето бугарско ризикува да загине и да се сотре без спомен, од насилијата, гладот и престојната мизерија. Главниот штаб смета за свој долг, да обрати внимание на Почитуватана Бугарска Влада за уништувачките последици на бугарската нација, ако таа не го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа, по едноставен и активен начин кој се налага со сила на постојната состојба и опсност која денес ја загрозува општата бугарска татковина…. Поставени тука на народното движење, ние апелираме до Вас од името на робот-бугарин, да му се притекне на помош по најефикасниот начин – со војна.. Веруваме дека нашиот апел е истиот со народот во слободна Бугарија…,. Наведените факти доволно зборуваат за бугарскиот карактер на востанието но не се единствени.
На бугарскиот карактер на востанието се придружува и К.П.Мисирков со своја критика врз Внатрешната Македонско Одринска Револуционерна Организацоија, К.П.Мисирков во брошурата за ,,Македонцките работи,, меѓу другото вели: ,, Организацијата е тесно поврзана со Бугарија со бугарското име и со бугарските пари… Не треба да се заборави дека организаторите на движењето во повече случаи беа чиновници на Егзархихјата… Македонското револуционерно движење беше и е работа на егзархистите кои се величат како Бугари па со оглед на тоа, тоа е бугарски маневар, за да се реши македонското прашање само во бугарска полза: Тоа е за создавање на Бугарска Македонија….Дело е на една од македонските народности сврзано по име и по црковно-училишни работи со бугарскиот народ и држава… Тој комитет всушност македонски, за надворешниот свет и за христијаните во Макеедонија неегзархисти беше бугарски комитет. Востанието не е општомакедонско, туку има бугарска боја. Во него раководна улога имаат само македонските словени кои се викаат Бугари… Ако автониомијата на Македонија се јави како резултат на сегашното востание (Илинденско) тогаш македонското прашање ке се реши во полза на Бугарите , затоа што комитетот… работи под бугарска фирма… завршен цитат. Прашувам; овие признанија на Мисирков за Илинденското востание и за ВМОРО до кога нема да ги знае нашата јавност?
Преземно од трибуна.мк