Дореана Христова: Срам да им е на сите оние што негираат или се двоумат да гласаат за уставните промени во Северна Македонија
ФБ статус на д-р Дореана Христова, професор при УКИМ
Срам да им е на сите оние што негираат или се двоумат да гласаат за уставните промени во Северна Македонија, т.е. се определуваат против македонското европско интегрирање, што од 1991 е македонски императив.
Таквите не смеат да ја управуваат нашата татковина.
Тие бројни Македонци со декларирано македонско потекло од ДПМНЕ, снабдени и со туѓи пасоши, се покажаа недостојни да го носат името државотворен народ, пазарејќи се со независноста на земјава, за да не понижат пред туѓи понижувачки српски интереси!!!!
Тие мрачни типови, не заслужуваат ни да ја спомнат Македонија, зашто таа е татковина само на оние што го разбраа меѓународниот договор за добрососедство, за други нема место кај нас.
Дури и Курти во Косово сфати дека меѓународните договори функционираат како ,,земи или остави,, но паразитите што живеат од македонската мака се срамна опозиција, на која треба да ѝ се суди зашто ја продава нашата Македонија на туѓи немакедонски интереси.