Борбата на Илинден
Помина Илинден и неговата прослава, оваа година таа беше убедливо најнепосетена и најслаба поради ситуацијата со Ковид вирусот, но во самиот текст нема да се пишува за прославата, туку повеќе за значењето на Илинден.
Во Македонија некако се повикуваме на два или три Илиндена, од антика и битката на Херонеја (лудилото) она вистинското Илинденско востание, па се до АСНОМ и денот на независноста 8 Септември.
Како прво Илинденското востание е востание на еден угнетен народ кој бил со векови под ропство, самото востание било против тиранија, со цел да се донесе слобода, немало никакви задкорисни игри ниту цели.
Во востанието борбата била исклучиво против тиранинот и неговиот башибозук, а не против населението, целта било да се донесе еднаквост за сите , без разлика на нивната класна припадност, народност или религија, да се сопрат сите поделби кои тогаш ги наметнувала Османската Империја.
Илинден е борба за една Република за сите, Република прва на Балканот, Илинден е борба за слободна Македонија ослободена од тиранијата и ропството.
На друга страна го имаме АСНОМ на кои се повикуваат дека е втор Илинден, но тој тоа ниту е бил, ниту ќе биде.
АСНОМ не е борба ниту за Македонија, ниту за слобода на народностите, ниту борба за слобода на религиите а да не збориме за класите.
Ако АСНОМ е остварување на вековниот идеал на Илинден , тогаш која е потребата од организирање на референдумот од 8 Септември 1991 е логично прашање кое се поставува само по себе, за кое одговор нема никој. Која е потребата од "третиот Илинден" aко "вториот" ја остварил целта на првиот ?
Иако АСНОМ првично се повикува дека е борба за "ослободување" на Македонија зад него се кријат само задкорисни игри, АСНОМ всушност се бори за Југославија , додека повикува на братство и единство врши терор врз секој што е за независна Македонија, се обидува да ги забрани религиите и да го наметне атеизмот, го одзима тешко стекнатиот имот на луѓе кои се занимавале со добиток, обработување на земја за градење на нивните утопии од земјоделски задруги.
АСНОМ потоа удира директно против ветераните од Илинден и од Илинденската организација, организирани се неколку масакри врз Илинденци, голем дел од нив се однесени на Голи Оток, Идризово каде што умирале во најтешки измачувања извршени од асномци.
Колку и некој настаните потоа сака да ги препише на властите во Белград а не на АСНОМ само се бламира самиот себе.
АСНОМ всушност цело време се бори и го убива духот и идеалот на правиот и единствен Илинден.
И за крај за мене АСНОМ е едноставно со вистинското име Антиилинденско Собрание на Народното Окупирање на Македонија, правите иницијали кои се кријат позади овие букви.
Преземено од револуционерот