23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
За православните верници започна Велигденскиот пост – најдолгиот и најстрогиот пост во текот на годината, кој претставува духовна и телесна подготовка за најголемиот христијански празник – Воскресението Христово. Овој повеќенеделен подвиг завршува со прославата на Велигден, празникот на радоста, мирот и победата на животот над смртта.
Велигденскиот пост започнува по празникот Прочка, односно на Чист понеделник. Трае вкупно 48 дена – од Прочка до Велигден.
Иако често се нарекува Четириесетница, постот опфаќа:
Токму затоа вкупното времетраење е 48 дена. Страстната седмица е посветена на последните денови од земниот живот на Господ Исус Христос – Неговото предавство, страдање, распнување и погребение.
Бидејќи датумот на Велигден е подвижен празник, и почетокот на постот се менува секоја година.
Постот е поделен на седум недели, секоја со свое духовно значење:
Во Страстната седмица деновите се нарекуваат Велики: Велики понеделник, Велики вторник, Велика среда, Велики четврток, Велики петок и Велика сабота.
Особено значајни се:
Првобитно, Велигденскиот пост бил наменет за огласените – оние што се подготвувале за крштение на Пасха. Со текот на времето, постот станал општ подвиг за сите христијани, како подготовка за Христовото Воскресение.
Постот симболизира духовно патување – човечкиот живот кој ја достигнува својата полнота преку воскресението во Христа и со Христа. Црквата ги повикува верниците на:
Во текот на Великиот пост:
Некои верници доброволно не јадат ништо во првите три дена (понеделник, вторник и среда). Тоа не е задолжително за сите. Во среда, по Литургијата, тие вкусуваат светена вода (агјазма) и се причестуваат.
Постот не е само диетален режим. Тој има две димензии:
Вистинскиот пост подразбира:
Самото воздржување од храна не е доволно. Суштината е во очистување на душата и преобразување на човекот.
Редовното и правилно постење придонесува за:
Сепак, најважно е обновувањето на емотивната и духовната состојба. Велигденскиот пост е време за враќање кон вистинските вредности – верата, љубовта, надежта и добрината.
Со подвиг, молитва и покајание, верниците го очекуваат Празникот над празниците – Воскресението Христово, како врв на духовното патување.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

