10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен – четворица од Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли на Христос. Останатите тројца ѓакони биле Стефан, Филип и Николај.
Првомаченикот Стефан се празнува посебно на 27 декември, а свети Филип на 11 октомври. Николај, пак, не бил вброен меѓу светителите поради ерес. За разлика од нив, првите четворица ѓакони немаат одвоен празник, туку заеднички се спомнуваат на денешен ден.
Свети Прохор бил ракоположен од светиот апостол Петар за епископ на Никомидија. Извесно време служел со свети Јован Богослов и на островот Патмос ги запишал откровенијата што ги слушнал од неговата уста. По враќањето во Никомидија, вложил голем труд за обраќање на народот во христијанската вера. Својата животна мисија ја завршил маченички во Антиохија, каде бил убиен од неверници.
Свети Никанор пострадал во Ерусалим на истиот ден кога бил убиен и светиот архиѓакон Стефан. Набрзо по неговата смрт, страдалништво доживеале и две илјади други христијани, кои биле убиени од злобни Евреи.
Свети Тимон бил епископ во Арабија и пострадал за Христа распнат на крст.
Свети Пармен починал пред очите на апостолите, кои со тага го оплакале и го погребале.
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода