04 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Денес православните верници ја одбележуваат Лазарова сабота – значаен христијански празник кој секогаш се паѓа еден ден пред Цветници и осум дена пред најголемиот празник, Велигден.
Овој празник е посветен на чудото кога Исус Христос го воскреснал Лазар од Витанија четири дена по неговата смрт. Според верувањата, Лазар потоа живеел уште 30 години, а ова чудо се случило шест дена пред Христовото страдање и распнување.
Еден од најубавите обичаи поврзани со Лазарова сабота е учеството на девојчињата – познати како „лазарки“. Облечени во бели, често невестински фустанчиња, тие одат од куќа до куќа и пеат лазарски песни, посакувајќи здравје, среќа и бериќет.
Овој обичај е особено застапен во повеќе градови и села низ Македонија и претставува симбол на младоста, плодноста и новиот живот.
Според старите традиции, во пресрет на празникот, домаќинките подготвуваат специјални благи колачи – т.н. „лазаринки“. Овие колачиња по својата форма го симболизираат упокоениот Лазар.
Наутро, тие се носат во црква, каде што се осветуваат за време на литургијата, а потоа се делат меѓу верниците како благослов и знак на заедништво.
На овој ден именден слават сите што го носат името Лазар, Лазе, но и имиња поврзани со природата и растенијата, како Цветан, Цвета, Калина, Јагода и други.
Иако Лазарова сабота и Цветници се одбележуваат како два одделни празника, тие се длабоко поврзани, па затоа и имендените често се слават заедно.
Лазарова сабота е ден што носи силна духовна порака за верата, надежта и воскресението, но и ден кога се негуваат богатите народни традиции кои се пренесуваат од генерација на генерација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

