07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Угостителот од скопската општина Чаир, Недим Рама, е назначен за нов извршен директор на државната компанија „Номагас“, задолжена за пренос на природен гас и изградба на гасоводната инфраструктура во земјата. Рама доаѓа на чело на компанијата на местото на Мухамет Елмази, кој по локалните избори беше избран за нов градоначалник на Општина Сарај.
Рама е добро познат во угостителските кругови. Заедно со заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, тој е сопственик на ресторан и кафе бар во Скопје Север – еден од најпосетените објекти во општина Бутел.
Двајцата се јавуваат и како сопственици на фирмата „Неар 2015“, која управува со популарниот 1Sh Lounge Bar, лоциран во близина на „Порше Македонија“.
Од август 2024 година, Рама беше ангажиран како посебен советник за економски прашања и шеф на кабинетот на тогашниот министер за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.
Меџити во меѓувреме победи на локалните избори и стана градоначалник на Општина Чаир, а Рама остана активно присутен во неговиот политички круг.
Во јавноста претходно се шпекулираше дека Рама е еден од можните кандидати за нов министер за животна средина како предложен кадар на Меџити, што дополнително го зајакна интересот околу неговата политичка кариера.
Со преземањето на раководната функција во „Номагас“, Рама ќе биде одговорен за клучни инфраструктурни проекти во гасниот сектор, меѓу кои се развојот на националната преносна мрежа и проширувањето на гасоводните системи. Овој сектор се смета за стратешки за енергетската стабилност и економскиот развој на државата.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

