02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на политичката партија ДПС – Нов почеток, Делјан Пеевски, објави официјална позиција во која остро го обвини претседателот на Бугарија за поттикнување хаос и организирање на улични насилства. Реакцијата следува откако Румен Радев претходно повика на оставка на бугарската влада и распишување нови избори.
Во својата изјава, објавена преку прес-центарот на партијата, Пеевски потенцираше дека немирите и политичката криза се внатрешен проблем на Бугарија и дека државата не смее да се доведе до состојба на анархија.
„Радев го покажа своето вистинско лице. Нема да дозволиме анархијата и хаосот да ја завладеат Бугарија,“ стои во дел од соопштението.
Во својата партиска позиција, Пеевски упати обвинувања и кон коалицијата ПП–ДБ, тврдејќи дека заедно со претседателот ја искористиле протестната енергија на младите луѓе во земјата.
„Ги злоупотребивте младите луѓе и тие нема да ви го простат тоа,“ напиша Пеевски, обвинувајќи дека организираниот револт има политичка заднина и цел – да се предизвикаат избори преку дестабилизација.
Тој исто така посочи дека протестите и насилните инциденти во Бугарија ги координираат групи блиски до претседателскиот кабинет и поврзани со политички и бизнис-структури, меѓу кои ги наведе и Копринков и Узунов, како и „приближени олигарси“.
„Сакате власт преку крв и насилство? Тоа нема да се случи. Народот во Бугарија нема да го дозволи тоа,“ се вели во пораката.
Пеевски во соопштението нагласи дека партијата ќе ги штити правата на бугарските граѓани, но – исклучиво во рамки на демократските механизми и институционалниот поредок на државата.
„Со сите демократски средства ќе го браниме правото на граѓаните на слободен, фер и демократски глас,“ изјави тој, повикувајќи на зачувување на мирот и стабилноста во Бугарија.
Во текот на вчерашната вечер, по одржаниот масовен протест против Бугарскиот Бџет 2026, група маскирани демонстранти ја нападнале централата на ДПС – Нов почеток, а бил демолиран и партиски офис на бугарската партија ГЕРБ во општината Обориште.
По овие инциденти, претседателот Радев повика на оставка на бугарската влада и итни парламентарни избори, што уште повеќе ги заостри политичките судири во земјата.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

